Seavus по втор пат ќе трча на Скопски маратон

Негувајќи го квалитетниот и здрав живот,  вработените од најголемата ИТ компанија во Македонија Seavus, по втор пат, организирано ќе учествуваат на претстојниот Скопски маратон. Почитувајќи ја една од најпознатите изреки “Во здраво тело – здрав дух” Seavus oддава пример на компанија која има цел да ја подигне свеста кај своите вработени за потребата од постојана грижа за сопственото здравје.  На овогодинешниот Скопски маратон тимот на Seavus ќе брои 66 претставника кои ќе бидат дел од полумаратонот и трката од 5 км.
Како што може и да се забележи на фотографиите подготовките се во тек, а тимот на Seavus има и свој тренер, младиот Кристиан Ефремов, Junior Developer vo Телеком дивизијата на Seavus и активен атлетичар кој беше претставник на Македонија на Летните Олимписки Игри во Лондон 2012. Тренинзите, како што велат во Seavus, освен што ја подобруваат кондицијата, нудат неформална забава и влијаат позитивно на тимската соработка.

10177517_10152352136368739_1307875802860898816_n 1926716_10152352136093739_3744944118104187792_n 1511210_10152352136958739_3832520751711420678_n

- Реклама -