Boldomatic е нова забавна социјална мрежа

Boldomatic е една од најновите социјални мрежи кои излегуваат како печурки после дожд. За да се издвои од останатите нуди еден многу интересен концепт каде корисниците се изразуваат преку кратки текстови и ги објавуваат само преку белешки во боја.

Веќе многумина упатуваат коментари дека Boldomatic е спој на Twitter и Tumblr но, всушност постои голема разлика во начинот на кој се пласираат постовите во вид на сликички, а од друга страна споделувањето на видеа, песни и друга содржина е острането, што значи се е оставено само на литературните способности на корисникот.
Boldomatic може бесплатно да ја превземете од Play Store за Android или пак од App Store за iOs.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk
- Реклама -