Шолји за кафе со бројки

Ако не ви е сеедно во која чаша ќе го пиете утринското кафе и пријателите најчесто ви подаруваат токму чаши со необичен дизајн, тогаш сигурно ќе сакате и овие шолји за кафе да бидат дел од вашата кујна.

Станува збор за шолји со класичен и едноставен бел дизајн и весели дршки со облик на броеви од еден до девет. Дршките се обоени во сина, жолта, црвена, зелена, виолетова и тегет боја.

Доколку сакате да пиете кафе или чај од шолја со вашиот омилен број, тогаш нарачајте си ја по цена од 7,95 долари, или, пак, во пакет во износ од 45 долари (5 долари за една чаша).

- Реклама -