Сексуално загреаните жени глумат оргазам за подобар секс

Научниците откриле четири мотиви кои го формирале скалилото на Лажни оргазми кај жените ( Faking Orgasm Scale for Women) и „алтруистичка измама“ била главната причина за нивно глумење.
Постојат жени кои врескаат од задоволство кога ќе доживеат оргазам- но постојат и жени кои го глумат оргазмот само за да достигнат екстаза.

Научниците тврдат дека преправањето на уживањето во сексот може да го направи сексот попријатен, според една студија објавена во списанието „Journal of Sexual Archives“.

Тие откриваат четири мотиви кои го формирале „Скалилото на глумење на оргазам кај жените“.

Четирите мотиви се: Алтруистичка измама, глумење оргазам од загриженост за чувствата на пратнерот; Страв и несигурност, глумење оргазам за да се избегнат негативни емоции поврзани со сексуалното искуство; Зголемена возбуда, обид на жената да ја зголеми сопствената возбуда преку глумење на оргазам; и Сексуално откажување, глумење одразам да се заврши сексот.

Истражувачите на спалната соба од Универзитетот Темпл и Кенјон Колеџот запрашале 481 хетеросексуални жени- кои не биле во врска- да дадат до знаење колку индивидуални фактори влијаат на нивната одлука да глумат оргазам.

Истражувачите отркриле дека најчеста причина за глумење на оргазам е алтруизмот, бидејќи не сакале да ги повредат чувствата на партнерот.

Ерин Купер, кој е ко-автор на студијата, изјавил за The Huffington Post: „Одлучувањето да се глуми оргазам поради овој мотив може да има малку до никаква врска со нејзиниот партнер и неговото сексуално искуство. Ја видов оваа стратегија како една од многуте „алатки во кутијата“ кои жените можат да ги користат да го подобрат своето сексуално искуство„.

- Реклама -