„ Ќе изневерувам, ако знам дека никогаш нема да ме фатат“

Што ќе направите ако дознаете дека вашата партнерка или партнер ве изневерува? А вие самите изневерувате ли? Можете ли да простите таква постапка?

Овие  прашања се табу за мнозина.

Затоа ви подготвивме неколку  факти за изневерувањето во светот, собрани од  извори како The Examiner, Statistics Brain и Американскиот весник за брачна и семејна терапија.

Најчесто времетраењето на љубовната афера е 2 години.  Понекогаш една афера може да биде само за неколку вечери, а друг пат да трае со години.

Статистички е утврдено дека просечната должина на неверството со еден човек трае околу 2 години.

– 68% од жените велат дека би изневериле ако знаат дека никогаш нема да бидат фатени.

Ќе изневерувате ли ако не ве фатат?

68% од жените велат “да”.

– 74% од мажите велат дека би изневериле ако знаат дека никогаш нема да ги фатат.  Кај мажите овој процент е доста поголем.

– 57% од мажите велат дека изневерувале во секоја своја врска Не еден пат, а секој пат!

– 54% од жените признаваат дека го изневерувале секој свој партнер. Кај дамите имаме 3% помалку.

– 17% признаваат дека го изневериле својот партнер со свој  роднина.  Брат / сестра / братучед.

– 31% од браковите продолжиле откако била обелоденета аферата.

Во случај на откривање, повеќето луѓе се разведуваат, покажува статистиката. Си простуваат 31% од паровите.

– 3% од мажите се разведуваат со сопругата, за да се оженат за љубовницата.

– 36% од луѓето имале афера на работното место.

Со овие луѓе поминувате по 8 часа на ден и не е чудо што голем дел од љубовниците се на работното место.

– 90% од Американците го сметаат неверството за лоша работа.

- Реклама -