Microsoft го објави изворниот код на MS-DOS и на Word за Windows

Без сомнение, Microsoft го изгради својот бизнис благодарение на MS-DOS, а токму вчера, софтверскиот гигант направи еден мошне необичен потег- го објави изворниот код за MS-DOS со што тој стана достапен за јавноста.

И MS-DOS и Word за Windows се достапни за преземање на овој линк, на страната на Музејот за Компјутерска Историја. Изворниот код, попознат како source code на MS DOS 1.1 и 2.0, како и на Microsoft Word за Windows 1.1a, се достапни за сите нас, објавени под некомерцијална лиценца која забранува било каква ре-публикација било каде на Веб просторот.

Благодарение на Музејот за Компјутерска Историја, овие важни делови од изворниот код ќе бидат зачувани, но и достапни за заедниците заради историско и техничко образование.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -