Нов Зеланд без најдобриот стрелец против Македонија

Шансите на Македонија за освојување на првото место во својата група на предолимпискиот турнир во Венецуела дополнително се зголемија откако нашиот главен ривал Нов Зеланд остана без својот главен кошаркар, Кирк Пени.

Pоследните информации од таборот на оваа селекција говорат дека Пени се здобил со незгодна повреда на мускулот поради којашто овој кошаркар го очекува пауза од околу два месеци од кошаркарските терени. Поради ова, Пени му соопштил на селекторот Ненад Вучиниќ да не смета на неговите услуги за турнирот во Венецуела.

„Се повредив играјќи за својот тим Фуенлабрада и потоа згрешив што инсистирав прерано да се вратам на терените. Го скинав мускулот и сега ме очекува подолга пауза од терените. Го пропуштив финишот од сезоната во Шпанија, но нема да бидам во можност да се вратам навреме за да играм за репрезентацијата во Венецуела“ – изјави Фени, којшто е носител на играта на Нов Зеланд во последните пет години и воедно беше најдобар стрелец на оваа селекција на последното Светско Првенство.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -