Што ако ви кажат дека Курт Кобејн, Џон Ленон, Мерилин Монро живеат и пијат пиво на остров? (ВИДЕО)

Да, токму ова е темата на новата реклама за пиво, а дружината е за жал покојни музичари и актери кои се наоѓаат на пуст остров…
Рекламата за пиво Bavaria многумина остави без зборови, но има и од оние кои рекламата им е повеќе од одвратна, имајќи предвид дека на тој начин ја омаловажува тагата на семејствата на починатите уметници. Поточно, во рекламата Тупак, Курт, Мерилин, Ленон, Елвис се одмараат на пуст остров и пијат пиво, но кога ќе го видат бродот кој им се приближува набрзина пакуваат сè што би укажало на живот на островот за никој да не ги пронајде.

- Реклама -