Мистеријата околу исчезнатиот авион официјално е одгатната

Малезиската авиокомпанија соопшти дека исчезнатиот пред повеќе од две недели Boeing 777  паднал во Индискиот Океан. Официјален претставник на авиокомпанијата изјави дека без сомнежи сите патници и екипажот на летот MH-370 загинале.

„Изразувам искрено сочувство до блиските на патниците и екипажот. Неопходно е да се признае дека авионот паднал и во одборот нема преживеани. Добиените податоци покажуваат дека леталото  потонало во Индискиот Океан.”

Сеуште не се откриени остатоци од исчезнатиот авион.

Инспекторите утврдиле дека Boeing 777, што летал од Куала Лумпур до Пекинг на 8 март, одеднаш ја исклучил врската со надворешниот свет, по што бил изменет курсот и  полетал на запад. Откако го напуштил воздушниот простор на Малезија, се изгубиле трагите. Последните сателитски снимки сепак го насочија побарувањето  на Индискиот Океан, во кое беа забележани летечки  предмети, за кои се претпоставува дека се остатоци од машината.

- Реклама -