Апликација го претвора вашето PC во виртуелен телефон!

Новата апликација го поврзува вашиот смартфон со РС или Мас преку вебсајт. Со користењето на истиот вебсајт вие можете да испраќате и да примате стандардни смс пораки преку телефонот, без разлика на која мрежа, односно оператор да припаѓате и кој оперативен систем го користат тие. Без разлика и дали оној кон кого ја испраќате пораката ја има преземeно оваа апликација, пораката сепак ќе стигне на посакуваната локација.

Можете и да остварувате повици од компјутерот користејќи го поврзаниот телефон, дури и ако телефонот е сосема испразнет! Оваа апликација помага и во прикажувањето и менаџирањето на вашите контакти.

Апликацијата инаку се нарекува PplConnect, дело на шест члена компанија од Монтреал.

Текстот е превземен во соработка со socialnet.mk.

- Реклама -