12 типа луѓе кои е во ред да ги мразите

mrazam_intro.jpgИако периодов е празнично збогување со лутината и посветување на
простувањето, пријателството и добрината, следниве типови луѓе е сосема
оправдано да ги мразите. И сега и секогаш понатаму!


Иако периодов е празнично збогување со лутината и посветување на простувањето, пријателството и добрината, следниве типови луѓе е сосема оправдано да ги мразите. И сега и секогаш понатаму!

losh_frizer.jpg1. Фризерката што „само врвовите“ го сфаќа како „само Шинед О`Конор и Бритни“ фризура

2. Гласот што ве известува дека „Вашиот повик ни е многу важен, па ве молиме почекајте на линија…“ Там-та-рам-тааа И музиката потоа, секако!

3. Сите што ти ѕвонат од прикриен број и гасат… Ги мразите иако не знаете ни кои се.

4. Сите што се сериозни кога велат „На задачата ќе и` се посветам 150%“

5. Таксисти кои не почитуваат сообраќајни правила, ви го загрозуваат животот и ви наплаќаат повеќе отколку што требаtaxi_crtan.jpg

6. Сите добри актери што се појавуваат во лоши реклами. Велат дека секој има цена… ама сепак!

7. Луѓе што ти праќаат верижни мејлови и те проколнуваат на несреќа ако „не го препратиш на 12 луѓе уште денес“

8. Слабичката пријателка која се жали дека е дебела, не нарачува десерт, а потоа го јаде вашиот

9. Сите роднини кои на фамилијарните средби не ве прашуваат „Како си?“ туку „Кога ќе се мажиш/жениш“.

10. Билдери во тесни маички кои кога ги гледаш со потсмев мислат дека се заљубуваш во нив.

11. Сите оние кои мислат дека фактот што заедно се возите во автобус им дозволува да ви ги слушаат (и голтаат) муабетите по телефон, да ви дишат во врат, да ве туркаат без да кажат „Извини“

12. Дрски келнери и работници на шалтер
 

- Реклама -