Листа составена од уредниците на списание за мажи, целта е да видите кои работи ве прават смешни иако најверојатно мислите дека томку тие нешта се особено штосни. Проверете во колку од дванаесетте нешта ќе се препознаете.
Листа составена од уредниците на списание за мажи, целта е да видите кои работи ве прават смешни иако најверојатно мислите дека томку тие нешта се особено штосни. Проверете во колку од дванаесетте нешта ќе се препознаете.
1. Модро око
Треба да сте доволно мудри секоја ситуација да може да ја решите со разговор. Тепачките не се простуваат!
2. Духовит потпис на email-от
Колку и да мислите дека тоа е остроумно, извадоци од песни и штосни цитати не треба да бидат дел од вашата пишана комуникација.
3. Празен фрижидер
Дури и да живеете сами, секогаш имајте доволно состојки за да направите богата вечера или… појадок во кревет. Бидете подготвени за секоја прилика.
4. Отечен палец
PlayStation палецот со лузни од копчињата врежани на него само покажува дека премногу си играте, а премалку живеете.
5. Привезок со отворач за шишиња
Освен што можеби ќе ве претстави како незрел, оваа ситница покажува и дека не знаете да се снајдете и да отворите шише со запалка или со нож.
6. Среќно парче облека
Блузата што сте ја носеле на испит со надеж дека ќе ви помогне да положите не е нешто што возрасен човек треба да го поседува. Сами си ја создавате среќата, почнете да работите и не се потпирајте на „среќните“ парчиња облека.
7. Празен пасош. Празен е пасошот што нема печати. Пасош без печати му припаѓа на човек што не оди никаде. Патувајте!
8. Сон дека ќе се натпреварува на Олимпијада.
9. Помалку од 300 денари во новчаникот
Кафето, весникот и појадокот на пауза од работа не треба да ги плаќате со картичка.
10. Име за пенисот
Дури и ако е досетливо, немојте!
11. Мини кош во дневната соба. Не.
12. Посебно „тајно“ ракување. Со никого. Никаде.