12 најчудни стадиони во светот

СтадиониСигурно многупати сте помислиле дека стадионите во Македонија се чудни. Но, не брзајте со пресудата! Не сте виделе чудни стадиони додека не ги погледнете овие неверојатни зданија од целиот свет.

Сигурно многупати сте помислиле дека стадионите во Македонија се чудни. Но, не брзајте со пресудата! Не сте виделе чудни стадиони додека не ги погледнете овие неверојатни зданија од целиот свет.

12. Осака стадион, Јапонија
Стадиони
Овој бејзбол стадион порано бил дом на тимот Осака Хокс. Во 1988 тимот бил продаден и преселен во Фукуока. Теренот на овој стадион се претворил во населба, а изгледа на жителите не им пречело да имаат трибини за повеќе од 30 илјади гледачи околу своите домови.

11. Кокодрилос спортски парк, Каракас, Венецуела

Стадиони
Стадиони
Ова е повеќенаменски стадион, но главно се користи за фудбалски натпревари. Дом е на фудбалскиот тим Каракас. Има капацитет од 3 илјади гледачи и се наоѓа веднаш до автопат.

10. Брага, Португалија

Стадиони
Стадиони
Изградбата на овој чуден стадион чинела 122 милиони долари, повеќе и од некои од најмодерните стадиони на денешницата, а убедливо најмногу од сите стадиони изградени за Европското првенство во 2004. Голем дел од цената отпаѓа на расчистувањето на карпите кои се насекаде во тој предел. Многумина го сметаат овој стадион за еден од најубавите на светот, но сепак, мора да признаете дека е и неверојатно чуден.

9. Кроација Госпин долац, Имотски, Хрватска

Стадиони
Стадиони
Овој стадион е изграден во 1989, има капацитет од 3 илјади гледачи и е дом на фудбалскиот клуб Имотски. Прекрасен чуден стадион.

8. Еко стадион, Бразил

Стадиони
Овој стадион стана познат како првиот „зелен“ стадион во светот. Столчињата за публиката се поставени врз рид, без употреба на бетон како подлога.

7. Национален стадион, Фарски Острови

Стадиони
Фарските Острови се мала островска држава што се наоѓа на половина пат помеѓу Шкотска и Исланд. Сите фудбалски натпревари, вклучително и интернационалните средби од квалификациите за првенствата, ги играат на овој стадион што се наоѓа веднаш до морето.

6. Пристанишен стадион, Сингапур

Стадиони
Ако помисливте дека стадионот до море на Фарските Острови е најчуден што сте го виделе, тогаш што ќе кажете за пристанишниот стадион во Сингапур? Сингапур е град-држава со преголема населеност, а премалку простор за живеење. Затоа и единствениот фудбалски стадион се наоѓа во вода. Се работи за челична платформа што може да издржи неверојатни тежини, а која покрај за спорт, се користи и за концерти. Трибината (која е на копно) има капацитет од 30 илјади гледачи.

5. Балчик стадион, Бугарија

Стадиони
Черноморец од Балчик ги игра своите натпревари од втората бугарска лига на стадионот со 3 илјади од најгрдите седишта на планетава.

4. Алесунд стадион, Норвешка

Стадиони
ФК Алесунд од Норвешка, до неодамна ги играше своите натпревари на овој стадион што наместо трибина, има рид.

3. Стадион Мабато, Јужна Африка

Стадиони
Стадиони
Стадиони
Овој повеќенаменски стадион кој најчесто се користи за фудбал, бил изграден во 1981 година од руска градежна компанија. Има капацитет од 59 илјади гледачи.

2. Хох Варт, Виена, Австрија

Стадиони
Стадиони
Ова е стадион на кој се играат фудбалски мечеви од пониските лиги, а неколкупати тука има настапено и националниот рагби тим на Австрија.

1. Антверпен стадион, Белгија

Стадиони
Стадиони
Во 1923 година кога бил изграден, овој стадион бил еден од најскапите и најлуксузните во светот. Денес, со 4 различни трибини, сериозно се натпреварува во категоријата – најгрд стадион на светот.

Бонус: Најчудното игралиште на светот – Украина

Стадиони
Нема информации околу тоа кој ги игра своите натпревари на ова извонредно игралиште, но сигурно се работи за надлуѓе кои ја покориле гравитацијата!
- Реклама -