Големо пролетно чистење и уредување на домот со Рамстор

Од денес (20.03) па се до 09.04 во сите Рамстор маркети започнува голема пролетна акција “Освежи го домот”, преку која потрошувачите ќе имаат можност да купуваат производи за чистење со специјални попусти и акции.
Истовремено во трговскиот центар своите предлози за пролетно подновување на домот ќе ги претстават повеќе компании за мебел меѓу кои : Монтенегро, Дормео, Енза Хом, Алмеро душеци, Pierre Cardin и Mothercare.

Како што велат претставниците од Рамстор, пролетта е вистинско време за освежување и подновување на домот, затоа оваа акција има за цел на потрошувачите на Рамстор да им понуди една комплетна понуда за пролетно чистење и инспирација за подновување на домот преку експонатите на мебел.
Со акцијата “Освежи го домот” Рамстор испраќа покана до сите љубители на пролетта и свежината во домот да ги посетат маркетите и трговскиот центар, да купуваат производи со специјално намалување и да се инспирираат за подновување на домот.

- Реклама -