Дали сте алергични на сперма?

Ако забележите црвенкасти точки на вашата кожа и околно чешање по сексуалниот однос, можно е да сте алергични на сперма.

Незаштитениот сексуален однос најчесто значи можност за пренесување на сексуално преносливи болести или бременост. Но, научниците пронајдоа дека е можно да се појави и алергиска реакција на протеините коишто се содржат во спермата. Ако порано не сте имале алергиска реакција на сперма, можно е тоа да се должи на различните пропорции во структурата на спермата кај мажите.

Можните симптоми на алергиската рекација се болки во деловите од телото коишто дошле во контакт со спермата, чешање, црвенкасти точки, оток и проблеми со дишењето. Повеќето од симптомите се јавуваат по 20-30 минути од контактот со спермата и можат да траат од неколку часови до неколку денови.

Како се лекува?

Наједноставниот начин е да се употребуваат кондоми при сексуалните односи. Ако пак, сакате да ја елиминирате алергиската реакција, вториот метод се инјекции кои што содржат мали количина на сперма од вашиот партнер. Третиот метод е третман којшто трае неколку часови, каде што докторот внесува големи количини од спермата на вашиот партнер во вашата вагина на секои дваесет минути.

Последните два методи коишто претставуваат активен третман на алергијата побаруваат од вас да имате сексуални односи со вашиот партнер најмалку два до три пати во неделата, поради тоа што фреквентното изложување на алергенот придонесува за успешноста на третманот.

/ За здравје

- Реклама -