Поткровје од соништата

Лежерно, спонтано и разиграно- на ова прекрасно дизајнирано поткровје е тешко да му се оддолее. Со димензии од 78 метри квадратни (+16м2), и висина од 4,5 метри која овозможува да биде конципирано на две нивоа, ова поткровје е полно со инспиративни идеи, шармантни детали, живост и убавина.

002

Прво што ве освојува е блескавиот светол изглед и релаксираниот амбиент, благодарение на белата боја како основа за ѕидовите и подот, а потоа и со дрвените греди и колоритните акценти во пријатни, топли тонови, хармонично искомбинирани во просторот.

003

Секое катче е стилски уредено, со внимание посветено на декорот и деталите, а сепак делува непретенциозно, модерно и младешки. Нешта кои се највпечатливи се библиотеката и неоддоливото катче за читање во дневната соба, експонираниот фрижидер во светло сина боја, минималистичка бела кујна и оригинално уредените спални соби. Миксот на различни парчиња мебел, украси, материјали и стилови ретко каде функционира како во овој стан, кој е подеднакво атрактивен и удобен за живеење. Кој не би посакал да има вакво поткровје кое плени?

004

005

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

 

- Реклама -