Убавицата и ѕверот – комбинација за брак од соништата?

Колку пати сте виделе убава девојка со не толку убав маж? Едно истражување побара одговор на ова прашање.Резултатите од истражувањето покажале дека мажите со не дотолку идеална надворешност, според мислењето на жените се одличен „материјал“ за сопруг.

Имено, жените што го бараат човекот на својот живот обрнуваат големо внимание на карактерот, ставајќи го пред физичкиот изглед.

Американските научници дошле до заклучокот дека жените бираат убав маж за врска, но кога станува збор за целиот живот, не им пречат неколку физички несовршености.

Во истражувањето учевствувале повеќе од 13.000 луѓе на возраст меѓу 15 и 34 години. Учесниците биле оценувани на основа привлечност, карактер и облека, пишува Дејли Мејл.

Сепак на ова истражување му недостасува еден многу важен „детал“ – жените и современото општество.

Па дури и во Убавицата и ѕверот, ѕверот е добра материјална прилика, има пари и живее во замок, приказна што донекаде потсетува на проблем со кој што е соочена денешната живеачка.

Дали ѕверот без огромната библиотека, слугите и дворецот ќе беше совршениот избор за Бел? Се надеваме дека „да“, зашто сакаме да веруваме во вредности.

Што мислите вие дали Убавицата и ѕверот се комбинацијата за брак од соништата?

- Реклама -