Научниците создадоа живот во лабораториски услови

Научниците успејаа да ги создадат масните и нуклеинските киселини во лабораториски услови, од кои се смета дека започнал животот на Земјата.

Откритието е дело на руски и италијански научници. Тие успеале да ги предизвикаат хемиските процеси, кои довеле до појавата на пребиотични соединенија во вид на масни и рибонуклеински киселини (РНА), пишува во „Гласот на Русија“.

dna[1]

Истражувањата биле спроведени со примероци на метеорити, бидејќи токму материјалите со вселенско потекло се најактивните компоненти за реализација на потребната хемиска синтеза. Научниците моделирале услови како и оние во космосот, за да разберат како се одвива механизмот на настанувањето на соединенијата. Примероците од метеоритите биле подложени во акцелератори каде биле под влијание на наелектризирани честици, во Здружениот институт за нуклеарни истражувања.

Попатно, научниците откриле 80 нови органски молекули во вселената. Најраспространета е цијанистоводородната киселина. Кога оваа киселина доаѓа во допир со водата, формира формамид. Имено, тој се наоѓа во космичкиот прав, во опашките на кометите. Токму од таму можат да потекнуваат нуклеинските и масните киселини, кои се основа на клеточните мембрани.

- Реклама -