Гвардиола: Среќен сум

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола е задоволен од резултатот и настапот на неговиот тим против Арсенал.
Баерн Минхен со 2-0 славеше на гостувањето кај Арсенал, резултат кој го носи на чекор до пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на Шампионите.
„Минатата година Баерн Минхен имаше подобар резултат тука, и оваа година супер поминавме, па пресреќен сум” – изјави Гвардиола.
„Последните два натпревари кои ги играв тука со Барселона, игравме неверојатно но не успевавме да победиме, па знаев колку е тешко да се победи на овој терен”.
„Признавам, игравме 11 против 10, па полесно беше, но црвениот картон беше чист”.
Откако заработија исклучување, фудбалерите на Арсенал очекувано се повлекоа, на Баерн му беше потребно време да го разбие бедемот.
„Кога ќе го видите второто полувреме ќе видите дека тие имаа девет фудбалери во шеснаесетникот, во таква ситуација никогаш не е лесно да го најдете патот до мрежата на противникот”.
„Важно е дека многу добро ја контролиравме ситуацијата, игравме трпеливо и успеавме да погодиме”.
Минатата година Баерн Минхен победи со 3-1 на Емирати, но загуби со 2-0 на Алијанц Арената.
„Минатата година Баерн имаше подобар резултат но последните пет-шест минути во Германија беа ужасни”.
„Работите зависат од нас, дали ќе играме да го одбраниме резултатот или ќе играме да победиме и да влеземе во 1/4 финалето?”
Teкстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk
- Реклама -