Соодветна шминка за дами со кафеави очи

За бринета со кафени очи погодна е беж-кафената шминка , со помош на која што може да се создаде како природен дневен, така и импресивен –  вечерен изглед. Доколку  тенот ви е потемен, а косите ви се кафеави, лицето ќе се здобие со неверојатно свежо емитување, ако нанесете руменило со бронзени нијанси или бронзена пудра. При светла кожа и кафеави очи  погодно е руменило со нежни праска нијанси и природна пудра без сјај.

За вечерна шминка можете да  користите бакарни сенки за очи, црна или кафеава маскара за трепки и неутрален сјај за усни.

Заборавете ја розовата палета сенки за очи, бидејќи создава впечаток на  подочници и уморен израз.

- Реклама -