Олгица Ѓоргиева и клиентите со донација за Детската клиника во Скопје

Игротеката при Детската клиника од Скопје од денес е збогатена со нови интересни детски реквизити, благодарение на модната креаторка Олгица Ѓоргиева и нејзините клиенти кои донираа играчки и помагала кои имаат за цел да им го олеснат и разубават престојот на децата во клиниката. “ Морам да признаам дека колекцијата “ Unrestricted”, токму поради оваа донација ми е посебно драга. Се чувствувам навистина исполенето и среќна сум што заедно со клиентите успеавме да собереме средства и да ја разубавиме игротеката на Детската клиника и искрено се надевам дека подароците ќе им ги разубават тешките денови на дечињата во болницата”, изјави Ѓоргиева по донацијата.

Акцијата за донирање беше покрената со промоцијата на комерцијалната колекција на Ѓоргиева “Unrestricted” во месец декември. На промоцијата беше најавено дека со секое купување на парче од колекцијата определен дел од средставата ќе одат во хуманитарни цели.

- Реклама -