Формула за совршен секс

Формулата за успешен секс воопшто не е тешка.Држете се до овие правила, за секој пат да обезбедите големо О…

1. Контролирајте го оргазмот

Најдобар начин да сфатите што сакате во сексот е да учите самите од себе, а за тоа е потребно да посветите време само на себе. Истражете го своето тело за најдобро да раберете што ве возбодува и ве води кон врвот, а потоа покажете му на партнерот и научете го како да ве излуди.

2. Нека биде сексот игра

Во случај да ви е здодевно за време на односот, големи се шансите исто така да се чувствува и вашиот партнер. За да ги разбудите заспаните страсти, договорете се со партнерот секој да одбере по една секс играчка, па нека започне играта. Гарантирано е дека супер ќе се забавувате и насмеете.

3. Превземете контрола

Ако вам не ви се допаѓа нешто, немојде да чекате тој да сфати, туку превземете контрола, нагласува советникот за парови Пати Бритон од магазинот „ Гламур“. Доволно е само малку промена како свеќа или нова долна облека и веднаш ќе бидете расположени за нови нешта во креветот.

4. Стимулирајте го телото

На голем број жени потребна им е стимулација на клиторисот за да дојдат до оргазам, но треба да пробате и други опции. Истражувајте го своето тело, допуштете му на партнерот да го направи истото, пробајте различни пози или набавете секс играчки. Дајте си време на себе и ќе видите дека трудот се исплател.

5. Опуштете се

Важно е да бидете опуштени и да не се замарате со други работи во тие моменти. Доколку за време на сексот размислувате за работа, деца или некои трети обврски тешко дека ќе доживеете оргазам.

6. Фантазиите се супер

Со малку мечтаење и фантазија ќе ги разбудите во вас и најдлабоките желби, како и сето она што ве возбудува. Не морате да се водите според сценарио, но малку фантазии ќе го воодушеват и партнерот.

7. Заборавете на рутината

Ако се чувствувате секси и имате можност тоа да го поделите со партнерот, не чекајте. Еден секс, спонтан и брз во неочекувано време може да ви пружи многу позитивна енергија, а и моменти кои ќе ве поврзат уште повеќе со саканиот/ саканата.

8. Фокусирајте се на уживање

Кога имате големи очекувања, разочарувањето ќе биде уште поголемо. Определете во својата глава дали ќе доживеете интензивен оргазам и веднаш шансите да се случи тоа се помали, поради притисокот. Важно е да уживате во сексот и во блискоста.

- Реклама -