Чистење на рерната без хемикалии

Чистењето на рерната е сигурно една од најтешките домашни работи. Покрај тоа што бара физичка активност, воглавно не ја сакаме поради хемикалиите на кои сме изложени додека ја извршуваме. Затоа, обидете се со нешто сосема поинакво.На LiveRenewed блогот, Емили откри како се чисти рерна без употреба на хемикалиски средства за чистење. Таа призна дека својата рерна не ја чистела три години и конечно било време да се впушти во таа непријатна работа, но хемикалиите едноставно не биле опција.

Еве како да ја исчистите рерната:

За почеток истругајте ги сите парчиња кои можеби се наоѓаат на дното на рерната, најдобри што можете.

После тоа, во наредните два дена, рерната прскајте ја со мешавина од две лажици сода бикарбона и вода, а во меѓувреме нормално користете ја. После два дена ( Емили вели дека рерната ја прскала вкупно 5- 6 пати), испрскајте ја рерната последен пат со оваа мешавина, па испечете тура колачиња или ручек, а кога ќе се подолади рерната, и додека е се уште млака фрлете се на рибање.

Ќе ви биде доволен еден обичен сунѓерза садови за да ја исчистите сета нечистотија, бидејќи навистина лесно се вади, ќе видите и самите.

Откако сте ја избришале рерната, едноставно вклучете ја на многу ниска температира 20 минути да се исуши сосема и тоа е тоа.

- Реклама -