Зошто не треба да се мие пилешкото месо

Поради мислењето дека на тој начин ќе се уништат  бактериите, пилешкото месо пред готвење многумина го мијат. Меѓутоа, оваа постапка не само што не ги уништува бактериите, туку напротив, допринесува за нивно размножување.

Научниците од Универзитетот во Дрексел направиле едукативно видео каде е прикажано што се случува кога пилешкото месо се мие.

„Тоа што мислите дека бактериите ќе исчезнат откако пилешкото ќе го измиете со вода, не значи дека истото навистина се случува. Водата не може да ги отстрани бактериите, но може да ги прошири насекаде низ просторијата и потенцијално врз останатата храна. Затоа е крајно време да престанете да се залажувате“ – предупредува Џенифер Квинлен од Универзитетот во Дрексел.

Освен тоа, молекулите вода можат да пренесат салмонела или кампилобактерија, двете најголеми причини за здравствени проблеми поврзани со исхраната, кои се невидливи со голо око, па дури и со многу малку вода бактериите можат значајно да се прошират и да направат проблем.

Наместо миење, научниците советуваат пилешкото едноставно да се стави во рерна или лонец.

Единствен ефикасен начин да се уништат бактериите се високите температури, што значи, печење или варење – објаснува Квинлен.

Погледнете како со миење на пилешкото се шират бактерии:

- Реклама -