Четири одлични и четири катастрофални работи за вашето срце

Се разбира дека експертите како најдобра превентива, како за сите останати, така и за срцевите заболувања советуваат здрав живот. Но, колку е можно тоа во времето и условите во кои живееме? Ви носиме неколку совети со кои би можеле да го заштитите своето срце.

Доброто расположение е поврзано со помал ризик од срцевите болести, особено кај лицата со семејна историја на болеста. Веселата природа може да послужи како заштита од здраствените проблеми на срцето кое предизвикува стрес.

Чај

Зелениот и црниот чај го намалуваат лошиот холестерол (LDL). Ако пиете една шоља дневно, ќе се подобри функцијата на артериите. Готовите пакувања чај пробајте да ги избегнете, наместо тоа, гответе ги природните сушени билки кои се многу поздрави (можете да ги најдете на пазар за многу поефтини цени).

Магнезиум

Овој минерал има многу важна улога за здравјето на срцето, а дополнителни 200 милиграми дневно ќе го намали ризикот од болести дури за 22 проценти. Воведете во вашата исхрана цели зрна, сите видови на ореви и лиснат зеленчук.

Алкохол

Една чаша алкохолен пијалок може да го намали ризикот од ненадејна смрт поврзана со проблеми со срцето за 30 до 40 проценти. Меѓутоа, останете само на еден пијалок дневно, или на неколку дена. Поголемата доза има спротивен ефект.

Бучава

Ако живеете во близина, на пример, на железничка пруга или ислкучително прометен сообраќај, тоа може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Експертите велат дека постојаната бучава може да го акумулира стресот, кој го зголемува крвниот притисок.

Хормонални нарушувања

Ризикот од срцев удар е за седум пати поголем кај жените со ненадеен пад на естрогенот и тестостеронот, што е специфично за периодот во влегување на менопауза. Ако почнува да ви прекинува менструацијата, нагло се здебелувате и сте забележале забрзано растење на косата тоа е знак дека итно мора да посетите доктор.

Загаден воздух

Истражувачите проценуваат дека ако воздухот е почист ќе се спречат речиси 8.000 срцеви проблеми и слабост годишно (тоа веќе го знаеме). Загадениот воздух може да доведе и до атеросклероза. Ако го избегнувате движењето по загадените, прометни и загадени улици може да го намали ризикот од заболување.

Бес

Се разбира дека на секој понекогаш му доаѓа да „пукне“. Меѓутоа, луѓето кои често се бесни и нервозни се вистинска мета за срцев удар. Шансите за предизвикување на срцев удар се два пати поголеми по два часа од испадот на бес, бидејќи тогаш се испуштаат огромни количини на кортизол и адреналин, кој ги стеснува артериите.

- Реклама -