Италија има хотел за трансфери

Сите трансфери во Серија А и Серија Б во последниот ден од преодниот рок се случуваат во хотелот АТА во Милано.Два пати годишно, хотелот АТА во Милано станува најважното и најжешкото место за италијанскиот фудбал во Италија, така ќе биде и денес.

Последниот ден од летниот и зимскиот преоден рок се случуваат токму на ова место.

Директори, агенти, фудбалери, новинари пристигнуваат во хотелот и работат за остварување на последните зделки пред да се случи крајот на преодниот рок.

Секој клуб од Серија А и Серија Б има мала соба со телефон и биро која функционира како канцеларија и таму се договараат и потпишуваат договорите.

Импровизирана канцеларија во хотелот АТА има и Фудбалската Федерација на Италија која ја средува потребната документација за официјализирање на зделките кои се случуваат во последните моменти од преодниот рок.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk

- Реклама -