Ова видео може да ви наштети! Запознајте се со МекКалок-ефектот

Помислата дека некоја слика, песна или идеја може да ви се вгнезди во главата и всушност да предивика штета и да ја промени работата на мозокот, е во најмала рака неудобна. Ама баш таков, ако не и повеќе, е МекКолок ефектот (McCollough effect).

Се работи за уникатен феномен кој може да биде предивикан ако гледате во специфична слика со хоризонтални црвени и вертикални зелени линии. Доволни се само околу 15 секунди за ефектот да биде индуциран, а како последица, се што потоа ќе погледнете ќе го гледате во спротивната боја од онаа што навистина ја има. На пример, ако гледате доволно долго во црвено-зелената слика, хоризонталните линии на друга црно-бела слика ќе изгледаат зеленкасти, а вертикалните линии че изгледаат црвенкасти. Ефектот најлесно се постигнува со комплементарни бои (црвена и зелена; сина и портокалова).

Она што е уникатно кај ефектот е што работи на ниво на мозокот, а не на окото. Последиците можат да траат од еден час до еден ден, а ако доволно долго сте изложени на сликата, можат да траат и до 3 месеци!

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не гледајте премногу долго во сликата (замижете или свртете ја главата), можете сериозно да си наштетите!

- Реклама -