Home Свет Кога помислувате дека сте при крај сo силите, погледнете го ова видео

Кога помислувате дека сте при крај сo силите, погледнете го ова видео

0

Габриела Андерсон не се запишала помеѓу најдобрите атлетичарки на сите времиња, но историјата нема да ја заборави. Оваа швајцарска маратонка го истрчала женскиот маратон на Олимпијадата во Лос Анџелес 1984 година и тоа на начин кој што долго ќе се памети.

Тогаш како 39-годишна маратонка, Андерсон на стадионот влегла по 20 минути откако првопласираната ја завршила трката. Во тешка состојба, но не се откажала до крај. Публиката аплаудирала на оваа нејзина одлука, на нејзиниот натчовечки напор, бодрејќи го секој нејзин чекор. По пет минути и 44 секунди, колку и биле потребни за завршување на последниот круг, Габриела Андерсон поминала низ целната линија и истиот момент паднала од изнемоштеност во рацете на болничарите кои цело време се обидуваа да ја убедат да се откаже од трката и да и помогнат.

Не победи, но сепак стана хероина на атлетиката.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here