Фотограф ги откри тајните од авионите на богатите

Работата на фотографот Ник Глајс долго време била  незабележана за пошироката јавност.За  неговите фотографии всушност се заинтересирани само богати клиенти кои решаваат да се фотографираат во своите скапи  приватни авиони. Ник Глајс направи фотографии од луксузот во кој уживаат неговите клиенти  и ја опиша  нивната работа како „исклучително тајна”.

privatejets04

 

Тој откри некои тајни од луксузниот  мебел во авиони на африкански диктатори. Во исто време, сепак, тој има клиенти и од Кина, холивудски личности и богати бизнисмени. Работата на Глајс беше прикажана во рамките на Меѓународниот фестивал на фотографија во Велика Британија.

privatejets02

 

Самиот фотограф верува дека неговите слики се интересни поради уникатниот дизајн и необичниот  ентериер на авионите, како и поради влијателноста на нивните сопственици. Фотографот сепак, одбива да именува кои се сопствениците на овие авиони. Организаторот на изложбата  Мартин Пар додава дека претставувањето на овие фотографии  веднаш и сликовито ја отсликуваат состојбата на светската економија.
PUBLISHED by catsmob.com privatejets06 privatejets07 PUBLISHED by catsmob.com privatejets09 PUBLISHED by catsmob.com

 

- Реклама -