Сите имаме желба да ја контролираме нашата околина. Чувството на моќ кое доаѓа од позицијата на контрола се јавува дури и кај најсрамежливите личности во моментот кога ќе го дофатат далечинскиот управувач за телевизорот. Ако сте еден од оние луѓе кои не можат да одолеат на позицијата на контрола, тогаш најверојатно ќе ви се допадне некој од овие уникатни далечински управувачи.
Сите имаме желба да ја контролираме нашата околина. Чувството на моќ кое доаѓа од позицијата на контрола се јавува дури и кај најсрамежливите личности во моментот кога ќе го дофатат далечинскиот управувач за телевизорот. Ако сте еден од оние луѓе кои не можат да одолеат на позицијата на контрола, тогаш најверојатно ќе ви се допадне некој од овие уникатни далечински управувачи.
Ако сакате малку дополнителни аеробик вежби додека гледате телевизија, тогаш најголемиот далечински управувач е за вас. Тој се поставува на подот пред вас, и ви овозможува да го контролирате телевизорот со вашите стапала.
Дали често го губите вашиот далечински управувач, па целото семејство мора да го бара? Тогаш овој управувач е како измислен за вас. „Џамбо Универзален Далечински Управувач“ е совршено решение. Како што ви кажува и името, се работи за голема направа, која ќе ви овозможи да го контролирате телевизор, видео и DVD плеер како и сателитска телевизија. И најдобро е што речиси е невозможно да го загубите.
Фудбалот е најважната споредна работа во светот. Замислете како би било да ги менувате програмите на вашиот телевизор со помош на истата топка со која до пред малку игравте фудбал. Звучи чудно, но возбудливо, нели? Епа, овој универзален далечински управувач има облик на фудбалска топка, и дури можете и да го шутирате без никаков проблем.
Сега можете да го контролирате телевизорот и другите електрични направи во вашиот дом без допир. Овој уникатен далечински управувач е дизајниран од Јорис Ван Гелдер и ќе ви овозможи контрола врз различн направи само со движењата на вашата дланка.
Идејата за создавање на „Киклоп“, била да се земи далечински управувач за телевизор и тастатура, и да се спојат во една направа која удобно би можела да се контролира со две раце.
Дизајнерот Јута Ватанабе го создал Керамичкиот Далечински Управувач, кој нормално е кршлив. Значи, ако имате навика да го фрлате управувачот кога нешто ќе ве изнервира, тогаш побарајте некој друг.
Како што кажува самото име, се работи за далечински управувач за вашиот телевизор кој има облик на компјутерски глушец. Кога не го користите за вашиот телевизор, можете да го приклучите на вашиот компјутер и да го користите како стандарден оптички глушец.
Ако сте фан на Хари Потер, и отсекогаш сте посакувале магично стапче кое ќе ви овозможи да правите што ќе посакате, тогаш овој далечински управувач е за вас. Добро, нема да ви овозможи да правите сè што ќе посакате, но со едноставни замавнувања ќе можете да го контролирате вашиот телевизор.
Ова е дефинитивно најуникатниот и најчуден далечински управувач, и потекнува од Панасоник. Управувачот е мек и се витка кога не го користите, но кога вградениот сензор ќе почувствува човечка рака како се приближува, веднаш се стврднува.
Секој посакува студен пијалак додека седи и гледа телевизија. Сега ќе можете да го извадите шишето од фрижидерот, и наместо да ризикувате дека ќе пропуштите нешто додека барате отворач за шишиња, едноставно отворете го шишето со вашиот далечинску управувач. Притоа, вашата рака е постојано на управувачот, што ќе ви овозможи брза промена на канал ако нешто досадно се појави на телевизија.
Замислете да имате посебно копче за секој канал. Звучи неверојатно, но затоа постои Pultius кој има копче за секој канал, вкупно 100, кои можат да се комбинираат за добивање поголеми вредности. Управувачот е шарен, и бидејќи е речиси половина метар долг, тешко може да се загуби.