11 причини поради кои сексот е подобар после 50-та година

Многумина сметаат дека најдобрите години за секс се во младоста, притоа потценувајќи ги постарите генерации. Дека овие луѓе се во заблуда, покажуваат и овие 11 причини поради кои ќе се уверите дека сексот после 50-те и тоа како има свои предности.

1. Нема притисоци дека мора да бидете подготвени. Никој нема посебни спектакуларни очекувања за вас, па се може да тече по својот природен пат.

2. Конечно знаете дека највозбудливите работи доаѓаат токму во креветот. Нема потреба за некои посебни предигри или изненадувања.

54735_profimedia0082202056_630x0

3. Веќе нема потреба за глумење на главоболка или ненадеен циклус кога не сте расположени. Во деновите кога само ви се гледа филм во креветот, нема потреба за објаснувања.

4. Помалку се грижите за вашите несовршености. Можеби имате килограм плус или пак градите не ви се цврсти колку порано, но ниту тој нема мускулести рамења и шест плочки на стомакот.

5. Не морате да се грижите за тоа дали сте бремени. Можете опуштено да уживате во секој момент.

6. Никој нема да ве распрашува „дали беше добро“, ниту пак ќе се оптоварувате со тоа вие да прашате. После одредено време, можете самите да заклучите како било.

7. Кама Сутра деновите се далеку зад вас. После толку години експериментирање, свесни сте за тоа на кој што му се допаѓа.

71228_profimedia0158328091_630x0

8. Можете да имате секс во секоја просторија од куќата. Децата се веќе големи и тргнати по своите патишта, па главната опасност од „ненадејно појавување“ веќе не ви пречи. Можете да го доживеете домот од поинаква перспектива.

9. Не дозволувате да ве спречи никој во намерата. Заборавивте да го затворите прозорецот? Ве гледа збунето вашето милениче? Не ги ни забележувате. Знаете дека животот е краток и се препуштате на убавите моменти.

10. Сфативте дека сексот може да биде исполнет и со смешни ситуации. Грч во стапалото или гасови во стомакот? Нема веќе потреба од „притискање“ и глумење.

11. Стекнувате навика да одите рано на спиење, што значи дека и сексот ќе се случи порано. После години поминати во грижи за тоа како е доцна а вие треба да станете рано за на работа, конечно може да уживате.

- Реклама -