Во последните 24 часа се направени 2.723 тестирање, а регистрирани се 11 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Новозаразените се од:
• Скопје – 5
• Тетово – 3
• Битола
• Берово и Пехчево – по 1.
Пријавено е 1 починато лице од Македонски Брод (43г).
Регистрирани се 4 оздравени пациенти, по двајца од Скопје и Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 884.593 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147.
Според Министерството за здравство, досега во државата се аплицирани вкупно 572.176 дози вакцини. Ревакцинирани се 225.340 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. Од нив, прва доза примиле 12.294 граѓани.
Со последните бројки, 52% од населението над 70 години, односно 49% од населението над 65 години, односно 43% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
На веб платформата vakcinacija.mk досега се пријавиле 481.809 граѓани.