11 креативни дизајни на пакување

intro-pakuvanjaСите ние се воодушевуваме на оригинални дизајни…а и на пијалоци. Ова е една ретка комбинација од двете, која навистина заслужува почит и признание.

Сите ние се воодушевуваме на оригинални дизајни…а и на пијалоци. Ова е една ретка комбинација од двете, која навистина заслужува почит и признание.

Лименката со долна облека
a96961_sexy
Оваа лименка е дизајнирана од руски дизајнер и едноставно ве тера да купите две наместо една!

Овошни сокови
a96961_jugo
Дизајнерот Naoto Fukasawa разви тотално ново уникатно пакување на овошните сокови. Тој ја искористи бојата, изгледот и материјалот на самото овошје. Ако пијалокот е од јагода, зашто да не биде во вид на јагода? Едноставно, а сепак супер.

Пивско шише
a96961_cerveza
На прв поглед, ова не ни изгледа како шише. Има необична форма, а капакот е скриен. Само кога ќе го превртите и го отстраните заштитното капаче ќе видите дека е пивско шише, свртено наопаку. Со десната страна нагоре, додека сеуште го има заштитното капаче, личи на чаша. Повеќе од шише, ова е уникатно, забавно, мулти-функционално и пријатно за око, кое дава ново значење на пиењето пиво. Дизјанирано е од Sidel од Германија.

360 Јогурт
a96961_yogurt
Шишето има дупка на средината, со цел „визуелно“ да се зголеми, со што шишето изгледа дека е повисоко, иако е содржи само 100мл. Претставува нов и уникатен производ на полиците во продавниците.

Пакување за млеко
a96961_leche
Ова беше само експеримент – ја претставува содржината на продуктот на наједноставниот начин: со збор и слика. Пакувањето има исти димензии како и млеко од 2 литра.

Оригами чај
a96961_origami
Креиран од Natalia Ponomareva од Русија, еве неверојатен проект со пакувањето на чаеви со принципите на оригами. Птицата се формира, и од топлината за кратко се деформира.

Кока Кола: Специјално издание
a96961_coca
Овие шишиња од специјалната колекција на Кока-Кола се едни од најдобрите шишиња некогаш направени.

Чај на закачалка
a96961_te
Ова е уште една прекрасна идеја. Тип на идеја која предизвикува насмевка кај потрошувачите. Дизајнирано од Soon Mo Kang.

Пакување на водка
a96961_vodka
Елегантно пакување за 1000 Acres premium водката.

Текила шише
a96961_tequila
Дизајнирате ваше текила шише со помош на компанијата Tequila 1800. Ставете што сакате и испратете им го. Цена: 99 долари.

Шише за вода
a96961_agua
Лансирано во доцната 2004 за прославата на Новата Година, Evian’s 1-L Origine личи на скулптура од мраз. Триаголното шише е потсетник на врвовите од планините од каде Evian ја снабдува својата вода. Дизајнот е на Landor Paris.

- Реклама -