Олеснете си го животот и не паѓајте во стапиците на Новогодишната ноќ

Празничната сезона е стресно време за секоја жена. Без разлика дали е сама, во брак или во врска. Постои притисок дека мора да се забавува, посета на своите роднини, а оние кои се сами највероватно ќе бидат изложени на прашањата за поранешниот партнер. Затоа не е чудно ако погрешите, а ви ги носиме најчестите шест грешки по овој повод.

Повторно во врска со поранешниот партнер

Според истражувањето, жените имаат тенденција за време на празниците да се смират со поранешниот партнер. Почетокот на новата година буди копнеж за поврзување. Сте размислиле и сте се запрашале: „Зошто да не?“ Па, затоа што е поранешен, а за тоа постои добра причина.

„Сплеткување“ со колега од работа

Божиќната или Новогодишната забава може да биде одлична, но исто така може да ве донесе до катастрофална ситуација на работа. Вие сте слободна, а тој не е. Голема грешка. Затоа добро пазете колку алкохол пиете на таквите забави, бидејќи можете лесно да станете тема на сочни озборувања.

Го демнеете поранешниот партнер на Фејсбук

Истата студија открива дека 82 проценти од слободните жени ја манијачат на Фејсбук личноста со која порано биле во врска. Ваквиот контакт може да ви донесе само лошо, затоа не се вклучувајте на Фејсбук ако не можете да се воздржите од испади. Ако видите фотографии на која прегрнува други жени може да си ја уништите вечерта.

Вечна љубов

Новогодишната ноќ не е само бакнеж на полноќ. Жените имаат тенденција да размислуваат за својата врска и каде таа води. Тоа е во ред. Добро е да се погледне на изминатата година, затоа што така ќе ги избегнете истите грешки во иднина. она што не семеете да го допуштите е Новогодишната ноќ да ви се претвори во емотивна катастрофа. Не искажувајте вечна љубов и не барајте од партнерот да ве побара за жена. Не поставувајте ултиматуми. Испијте чаша шампајн, забавувајте се и водете опуштен разговот.

Притискање на партнерот

Секогаш кога ќе се собере семејството, чуствувате притисок дека морате да се венчате. Сите се во парови. Сите ве прашуваат дали се гледате со некој, кога ќе се венчате и средите, и сакате ли да имате деца. Ако сакате, тогаш ова е крајно време затоа што истекува крајниот рок. Чуствувате притисок и потоа го пренесувате на партнерот. Тоа не е начин да дојдете до заедништво, туку до разделба.

Големи очекувања

Секоја година се надевате дека празниците ќе ја пронајдете љубовта на својот живот. Го замислувате бакнежот на полноќ и заедничкото будење првото утро во новата година. За тие лажни очекувања и романтични ветувања се виновни романтичните филмови и можат само да ви донесат разочараност. Тоа не значи дека не треба да фантазирате, но треба да живеете во сегашноста и да се надевате за таков момент, затоа што тоа е еднинствениот начин да го избегнете депресивното расположение.

- Реклама -