Таксист пронашол 300.000 долари и ги вратил парите на сопственикот-коцкар

Џерардо Гамбоа во кафеава торба пронашол шест снопови од 50.000 долари. Чистата совест му била поважна отколку добивката. Полицијата го пронашла сопственикот-коцкар…

Џерардо Гамбоа, таксист од Лас Вегас, во понеделникот пронашол кафеава картонска ќеса со 300.000 доалри на задното седиште. На почетокот мислел дека некој од патниците оставил ќеса со чоколадо.

Таксистот се јавил на повик од хотелот Белаџио, а вратарот на хотелот ја видел ќесата на задното седиште и му ја дал на таксистот. На семафор бил љубопитен што се крие во ќесата и ја отоврил. На свое големо изненадување внатре нашол шест снопови банкноти по 50.000 долари.

Ја повикал централната такси служба и таму ги оставил парите. Полицијата утврдила дека парите припаѓаат на познат играч на покер кој останал анонимен.

– Зошто ги вратив парите? Затоа што не ми припаѓаат на мене. Не ме интересираат тие пари, само сакав да направам нешто исправно- рекол скромно и додал дека сакал да покаже дека и тие што само возат такси заслужуваат почитување.

Не се знае дали Гамбоа добил некаков надомест за својата чесност.

- Реклама -