Шеесет години британска мода

Кога е модата во прашање, Британците секогаш имале повеќе од еден ас во ракавот. За да го прослави светското модно влијание на земјата во која се родени дел од најголемите модни икони, како што се Кејт Мос и Алекса Чанг, британската поштенска служба создаде десет поштенски марки на кои се забележуваат дел од најпознатите британски дизајни на сите времиња.

Меѓу десетте првокласни поштенски марки значајно место зазема познатиот модел на шарен фустан во арлекин-стил, изработен од рацете на славната дизајнерка Вивиен Вествуд. Фустанот го носеше манекенката Наоми Кембел во 1993 година.

Уште еден позначаен дизајн кој е прикажан во колекцијата маркички е и „Црниот гавран“ на покојниот дизајнер Александар Меквин, кој е дел од неговата колекција „Horn of plenty“ од 2009 година. Авангардниот фустан на Меквин е целосно изработен од црни гускини пердуви.

Поштенските марки ги изработи лондонското студио за графички дизајн „Џонсон бенкс“.

- Реклама -