109 празни детски колички поставени на плоштадот во Лавов, за секое убиено дете во Украина од почетокот на руската инвазија

Сто и девет празни колички за деца беа поставени на главниот плоштад во Лавов во спомен на досега 109-те украински деца убиени од почетокот на руската инвазија.

„109 деца. 109 деца се убиени од Русите од првиот ден на целосната руска инвазија на Украина. Празните колички ги симболизираат животите на тие мали ангели. Тие сега го бранат украинското небо, наместо тоа да го прават одлучните потези на светот“, напиша на Твитер градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј.

Тој повика на затворање на небото над Украина.

„Ова е ужасната цена на војната што Украина ја плаќа денеска. Ги повикуваме сите возрасни ширум светот да застанат во единствен штит за да ги заштитат украинските деца и да им овозможат иднина. Повикајте ги владите на другите земји итно да го затворат небото над Украина“, порача Садовиј.

Прочитајте и:  Подољак: Украина ќе престане да испорачува руска нафта и гас во Европа
- Реклама -