Со обичен сапун направете ги најубавите украси на вашите прозори

Како да цртате на стаклото, точно и прецизно, а покасно да можете брзо и лесно да го избришете?

Одговорот лежи во обичниот сапун. Во само два чекори совладајте ја оваа едноставна техника и уживајте во зимската атмосфера.

Ако сакате да ги украсите вашите прозорци во домот, не морате да купувате скапи бои и вештачки снег, а решението се крие во вашата бања. Ние ви откриваме фантастична идеја која може да ја направат сите.

– Земете обичен крем сапун и со помош на оштар нож заострете го малку за да добие облик на оштар молив и започнете со цртање.

– Оние кои имаат чуство за цртање можат да цртаат без додатни помагала, а оние кои цртањето им е послаба страна, можат од другата страна на стаклото да залепат шема на која ќе цртаат.

Интересните цртежи на стаклото во вашиот дом ќе создаде зимска и празнична атмосфера, со пријатен мирис и свежина.

- Реклама -