Лизгање на кристално-чисто замрзнато езеро (видео)

Лизгањето на мраз е забавно и полно со уживање, но кога се одвива на кристално проѕирно езеро, единствено може да се опише со епитет како „магично“.

YouTube корисникот Док Мартин (не е чизма) ја имаше среќата да го доживее тој момент на Vann Lake, Монтана.

Дали водата ќе замрзне неверојатно проѕирна и чиста или нерамномерна и матна, зависи од брзината на замрзнување. Наглото опаѓање на температурата го претвори ова езеро во ледено лизгалиште без речиси ниту еден заробен меур воздух, што би ја поматил стаклената површина.

Но, науката на страна, сета оваа глетка изгледа повеќе како некој магична трик на природата.

 

- Реклама -