Дронови – Дали вака ќе изгледа полицијата на иднината? (видео)

Дроновите земаат се поголем замав, а палетата на нивните можности расте од ден на ден. За разлика од Amazon, кој на дроновите гледа како на извонредно средство за брза достава на пратки, Youtube корисникот Алекс Корнел има малку поинакви очекувања од оваа технологија. Тој предупредува дека не очекува тоталитарна иднина под претерано будното око на полицијата и дронови кои ќе не следат на секое место и во секое време.

Оваа своја визија за иднината на безбедносните дронови, ја преточил во кратко видео, наречено „Our Drone Future“. ВО видеото користи снимки од DJI Phantom дроновите низ Сан Франциско. Со помош на суперимпозирани безбедносни слики и „полициска“ аудио позадина, Алекс ја комплетира неговата сторија, со цел да ни покаже како би изгледала дрон-полицијата.

drone monitor

Корнел објаснува:
„Во блиска иднина, градовите користат полу-автоматизирани дронови за урбана безбедност. Луѓе-полицајци ги набљудуваат дроновите од далечина, а дата-извештаите се одвиваат преку детален HUD и аудио-комуникација со симулиран човечки глас (дизајниран за да ја намали непријатноста што се јавува кај луѓето кога комуницираат со свесна машина). Дроновите функционираат независно, но се „водени“ од луѓе-набљудувачи, кои можат да предложат алтернативни мисии и да поставуваат прашања“.

Погледнете и самите низ очите на Алекс:

Мора да се признае, има нешто непријатно во целата атмосфера.

- Реклама -