Запознајте се со првиот смарт прстен во светот

Заборавете на смартчасовниците- пристигнаа смарт прстените! Паметните прстени се новиот хит на технолошкиот пазар и тоа за само неколку часа успеаа да постигнат невидена популарност. Новиот смарт прстен се нарекува Smarty Ring и е 13 мм широк прстен од нер’ѓосувачки челик кој се одликува соLED екран, Bluetooth 4.0 и придружна смартфон апликација. Прстенот доаѓа и во пар со смартфон и всушност делува како да е далечински управувач и примач на нотификации.

Прстенот го прикажува времето, прифаќа и одбива повици, ја контролира музиката, ја прилагодува смартфон камерата и е иницијатор на повици со брзо бирање. Овој смарт прстен исто така ќе го извести сопственикот секојпат кога ќе пристигне нов мејл, нова порака, пропуштен повик или пост од Facebook, Twitter, Google Hangouts и Skype, преку икончињата кои започнуваат да светкаат кога има ново известување.

Ги подржува и временските зони, а се карактеризира и со тајмер, штоперица и аларм. Може да функционира и како уред кој ја следи локацијата на вашиот смартфон.

Смарт прстенот ги подржува и Android и iOS оперативните системи—се додека вашиот уред има Bluetooth 4.0, тој ќе биде компатибилен. Креаторите ветуваат 24 часа беспрекорна работа на 22 mAh батеријата, а полнењето се одвива преку wireless pad. Одличен модно-технолошки детал, нели?

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -