Како би изгледал светот кога би можеле да ги видиме мобилните сигнали?

Постојано сме опкружени со невидливи сигнали, а светот би бил многу поинакво место кога би можеле да ги видиме. Николај Лам веќе еднаш ни покажа како тоа би изгледало со Wi-Fi сигналите, а овој пат во фокусот му се сигналите на нашите мобилни телефони.

New York City Manhattan midtown

На прв поглед, визуелизацијата изгледа како неодгатливо саќе составено од хексагонални формации на заслепувачки бои, но зад сето ова стои солидна доза наука. Данило Ериколо и Фран Харакиевич, професори по компјутерско инженерство објаснуваат што се случува во основата на овој психоделичен проект:

„На аглите на секој од шестоаголниците се наоѓаат базни станици за мобилни сигнали. Во досегот на секоја антена, во секој сектор, на различни корисници им се доделуваат различни фреквенции, а ивните сигнали се соединуваат во една боја, во дадениот момент. Различните сигнали од сектор до сектор се претставени со различни бои. Комбинациите на канали не се статични, туку во текот на кратки временски интервали постојано и брзо се менуваат, паралелно со доделувањето на различни канали на различни корисници. Но, ако ја фотографирате сета оваа мрежа од брзо-менливи сигнали, ќе видите широк спектар на бои, како на илустрацијата. Кон центарот на градот има повеќе корисници, па хексагоналните сектори се помали, со цел да опслужат ист број корисници како и оние поголеми шестоаголни сектори кон периферијата на градот“.

ku-xlarge[1]

Washington Monument and downtown washington dc

Помислата да се живее во еден ваков визуелен свет делува напорно. Сепак, работата на Николај Лам ни овозможува да видиме со какво „лудило“ од пулсирачки сигнали сме опкружени во секој момент додека мафтаме со мобилниот, трудејќи се да фатиме сигнал.

- Реклама -