Идеалниот број на љубовници е…

Кој  е совршен број на сексуални партнери ? Иако далеку повеќе од нашите конзервативни гледишта, одговорот е 10 , покажува најново истражување спроведено во Британија . Ако некој имал сексуални односи со помалку од 10 лица , тогаш тој се смета за неискусен, потврдиле  испитанаците. Од друга страна, пак, во случаите каде што бројот надминува 10 , веќе се работи за развартник .
Треба да се напомене дека оваа бројка љубовници се смета за идеална како кај мажите , така и од страна на жените . Така барем тврдат околу 50  проценти од претставничките на слабиот пол и 46 проценти од мажите кои учествувале во студијата . Во исто време над 40 проценти од мажите и 36 проценти  од жените би сакале да имаат повеќе неискусен партнер. А 10 проценти од жените  и 11 проценти  од претставниците на посилниот пол изјавиле дека најсоодветен за нив е љубовник или љубовница кој/а легнал/а  меѓу 10 и 30 лица . Интересен  детал е дека 3 проценти   од учесниците во анкетата би сакале да излегуваат со човек кој имал над 30 партнери.
На некого оваа студија му одговара, за некој е премалку, за некого премногу. Како и да е, доколку сте сексуално активни, задолжително имајте заштитен секс, за да се заштитите од стравот и  несаканите последици.
- Реклама -