Женско бебе се роди во автомобил во центарот на Штип

Штипјанката Јусмие Јашарова (25) својата четврта рожба ја донела во автомобил.

Вчера, во раните утрински часови Јашарова со сопругот тргнала кон штипската Клиничка болница, но им снемало бензин во автомобилот, поради што таткото на малата хероина ја остави сопругата во колата и побрзал да бара помош во Итната медицинска помош. Во меѓувреме мајката сама се породила, а дежурната екипа на Итната медицинска помош кога пристигнала само ја пресекле папочната врвца на новороденчето.

Началникот на Одделението за педијатрија при Клиничка болница-Штип, Марина Гацова вели дека состојбата на новороденчето е стабилна.

– Станува збор за женско новороденче, тешко 2 килограми и 780 грама, долга е 49 сантиметри и е четврто на дете на семејството, вели Гацова.

- Реклама -