Необичен поткровен стан што крие многу тајни

Тајните оддели на извлекување, сместени на таванот, кријат функционални и забавни изненадувања во овој поткровен апартман во Мадрид, дело на Elii Architects.Меѓу нив – трпезариска маса, лулашка, мрежа за лежење и диско-топка.

1-didomestic-attic-in-madrid-by-elii elii_didomestic_db_14

14-didomestic-attic-in-madrid-by-elii[1]

Главната компонента е јадрото што ги содржи скалите, а е одделено од остатокот од подот со транспаренти панели. Овие лизгачки панели можат да се распоредат на различни начини и да оформат гостинска соба, да ја одделат кујната од остатокот од станот, или да го ослободат целиот под за приредување на забави.

elii_didomestic_db_19 elii_didomestic_db_16

На таванот од иверица се скриени повеќе функции, кои се активираат со рачки на ѕидовите. Повлечете една од нив и од таванот ќе се симне одредено парче мебел, било тоа кујнската маса, или лежалката за одмор. Исто така, на таванот се скриени и вградени плакари и полици за складирање на облека, обувки и разни други предмети во домот.

elii-architects-didomestic-8

elii_didomestic_db_13

Ако се качите на вториот кат, ќе најдете дополнителни скриени оддели во подот. Еден од нив ги содржи продуктите потребни за бањата, а во другиот се крие огледало и разни козметички продукти. На другиот крај на собата, можат да се отворат серија од невидливи врати со кои можете да оформите гардеробер за пресоблекување, соба за чај со гости и дополнителен простор за складирање

elii-architects-didomestic-7 elii_didomestic_db_11

elii_didomestic_db_12[1]

- Реклама -