Хитлер се реинкарнирал во куче?

Запознајте го Пач, кучето што неверојатно потсетува на Хитлер.

Ова неодоливо куче живее со неговата стопанка Линда Вајтхед во Јоркшир и неверојатно личи на нацистичкиот лидер. Црното крзно на главата и црниот белег на муцето, не може а да не ве асоцираат на фризурата и брковите на диктаторот.

Иако името му е Пач, сите го викаат Адолф, а најлошо е, вели Линда, кога нејзините внуци го отпоздравуваат со нацистички гестови. Пач е вкрстена раса од Шин Цу и француски булдог, а има уште двајца браќа, кои за жал, воопшто не потсетуваат на останатите колеги на Хитлер, како Мусолини и Сталин, на пример.

52299[1]

hitler_2744936b

 

- Реклама -