Како најбрзо да го наполните телефонот во итни ситуации

 

Доколку поседувате нов смартфон или таблет сигурно сте се нашле во ситуација кога мора да излезете, а батеријата е на десетина проценти. За да ни ви се исклучи телефонот и да пропуштите некој важен повик или порака еве неколку начини како најбрзо да добиете што е можно повеќе енергија.

Како најбрзо да го наполните телефонот во итни ситуации
Првиот совет е да го активирате авионскиот режим на телефонот кој ќе ги исклучи сите мобилни и интернет мрежи и поврзувања. Така ќе се остави простор за побрзо полнење на батеријата. Кога сте веќе тука може и да ја намалите осветленоста на екранот кој исто така троши најмногу енергија.

Варијанта на овој чекор е и целосно да го исклучите телефонот, но можеби ќе ви треба аларм или некој друг потсетник па затоа не е голема разликата и со примена на првата опција за активација на авионскиот режим.


Понатаму проверете во системското мени во делот на апликации кои од нив сеуште работат во позадина. Се што ќе видите на листата, а не ви е потребно изгасете го и исто така сменете ја позадината на телефонот со статична, бидејќи активните позадини трошат повеќе батерија.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.mk

- Реклама -