Како Донатела се оддолжува за услуга

Со објавувањето на најновиот албум на Лејди Гага, имавме прилика да ја слушнеме и познатата песна на пејачката наречена Донатела, која беше посветена на славната креаторка. Сега, иконата на модната куќа „Версаче“, се одлучи да и се оддолжи на Гага на правиот начин. Според пишувањето на „Pop Crush“, Лејди Гага би требало да биде заштитно лице на најновата колекција на брендот за есен/зима 2014-та година.

Пејачката е инаку позната по тоа што редовно се облекува во моделите од оваа модна куќа, како и дека за својата американска турнеја „Born This Way Ball“, носеше костим од „Версаче“. Се чини дека оваа одлука доста влијаела на песната која Лејди Гага и ја посвети на Донатела, а случајно или не, несомнено е дека овие две девојки си прават одличен меѓусебен маркетинг.

[youtube]http://youtu.be/6sTZXjxsC7o[/youtube]

- Реклама -