Kaко да ги отстраните флеките од кафе?

Иако ви се чини дека флеките од истурено кафе по облеката или домот ретко исчезнуваат сосема, особено ако се во прашање светли површини, сепак постојат неколку начин да се „откачите“ од нив.

Секому му се случува да истури кафе по облеката или гарнитурата, што е особено незгодно кога површината е во светла боја. Иако вам ви се чини дека флеките нема да исчезнат, еве неколку начини да се спасите од нив.

* Делот од ткаенината на кој има флека, треба да се натопи со ладно млеко. Така натопено оставете го да отстои некое време, а постоа измијте го со сапуница.

* Додека е мокра површината измијте ја со минерална газирана вода и флеката ќе исчезне. Најефективно ќе биде ако реагирате веднаш.

* Детергентот за садови помешан со малку вода и сол исто така е ефикасен за справување со флеките од кафе. Мешавината треба да ја нанесете со четкичка се додека не избледе.

*  Мешавината на сирење и алкохол во еднаква количина е истотака ефективна. Со мешавината истријте на  исфлеканото место, па оставете така да опстои, а потоа поминете го местото  со ладна вода.

- Реклама -