Home Технологија Автомото Toyota ќе го освежи RAV4

Toyota ќе го освежи RAV4

0

Toyota најави освежување за сегашната верзија на теренецот RAV4. Модификационото портфолио на моделот е зајакнато со нови 4х4 предлози, можност за нарачка на неколку нови бои на екстериерот и ентериерот, зголемена стандардна и дополнителна опрема, нови технологии и друго.

1

Главен акцент кај моделската 2014 на Toyota RAV4 е новата 4х4 модификација со Euro 5 2,0 D-4D турбо дизел мотор. Integrated Dynamic Drive интелигентниот систем на возилото ја координира работата на познатите Dynamic Torque Control AWD, електронската програма за стабилност и електронскиот засилувач на управувачот, за да се подобри однесувањето на пат и безбедноста на сите терени. Кога се вози по стандардни патишта, погонот се остварува само преку предните тркала, а кај посложени ситуации, тој може да биде распределен до 50:50, предна-задна оска.

2

Новата дизел верзија на Toyota RAV4 е опремена со шест-брзински мануелен менувач, а самиот мотор е со максимална моќност од 124 коњски сили и 310 Nm вртежен момент.

3 4 5 popup_337_Toyota-RAV4-1000-1

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here